четврток, 18 декември 2025

Украина призна дека руската војска влегла во регионот Дњепропетровск (ВИДЕО)

Украина денеска за прв пат призна дека руската војска влегла во регионот Дњепропетровск на истокот на земјата, каде што Москва тврди дека напредува од јули оваа година.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Да, Русите влегоа и се обидуваат да ги воспостават своите позиции. Нашите сили се борат да ги задржат своите позиции“, изјави портпаролот на оперативно-стратешката група Днипро, Виктор Трехубов.

Генералштабот на вооружените сили на Украина нагласи дека овие населени места не се окупирани. Украинските сили, како што се наведува, го запреа руското напредување во Запорожје и продолжуваат да го држат селото „и покрај сите напори на непријателот да го освои“.

Борбите продолжуваат во областа Новохеорхијивка, каде што, според Генералштабот, украинската армија му нанесува „значителни загуби на непријателот, уништувајќи десетици припадници на окупаторската армија секој ден“.

Аналитичарите истакнуваат дека руските сили се активни на „прилично голем“ дел од административната граница меѓу регионите Доњецк и Дњепропетровск, од областа Дачни до Темиривка, каде што постојано вршат притисок.

Како што пренесува Хромадске, непријателот ретко користи возила и главно се потпира на пешадиски напади поддржани од беспилотни летала и други средства, честопати користејќи тактики на „поставување знамиња“ за да демонстрира територијални добивки.

Според аналитичарите, руските сили напредуваат кон Запорожје и Новохеорхијивка од правец на Зелени Пол и Темиривка, додека украинските одбранбени сили „прават сè за да го сопрат непријателот, да ја стабилизираат ситуацијата и да спречат понатамошно продирање“.

Киев досега негираше каков било напредок или дури и упад на руската армија во регионот Дњепропетровск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ