„Украина иницираше вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН и вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ за да се изнесат руските злосторства на виделина. Двата состаноци ќе бидат свикани утре и ќе помогнат да се промовираат мировните напори и одговорноста“, рече Сибиха на платформата Икс.
Тој додаде дека минатата недела Русија нападнала игралишта во обична станбена област со кластер боева глава за, како што наведе, „да ги максимизира жртвите“.
Сибиха истакна дека од клучно значење е решителниот меѓународен одговор на руските злосторства, бидејќи „таков терор никогаш не смее да се нормализира“.
„Повикуваме и на остра осуда и на решителна акција. Русија мора да го запре теророт врз украинските деца и цивилното население, да одговори на предлогот на САД за целосен прекин на огнот, што Украина го прифати и да ја запре војната“, изјави шефот на украинската дипломатија.
На 4 април руската армија го гаѓаше станбениот дел на Кривји Рих, ракета експлодираше во близина на игралиште. Во нападот загинаа 20 лица, меѓу кои девет деца, од кои најмалото имаше три години.
Во градот е прогласена тридневна жалост.