Напаѓачот, 18-годишен ученик од Косово, наводно намерно се приближил до наставничката и ја нападнал, а потоа избегал. Полицијата набрзо добила дојава за сомнително лице во паркот оддалечен околу три километри. Кога специјалната единица се обидела да го идентификува, тој веднаш се стрчал кон полицајците со нож, по што бил погоден и уапсен.
Полицијата од рано наутро го опколила училиштето со помош на вооружени специјални сили, додека хеликоптер летал над комплексот. Градоначалникот на Есен, Томас Куфен (ЦДУ), пристигнал на местото на настанот за да се запознае со ситуацијата.
Покрај тешко повредената професорка, на учениците им е укажана и медицинска помош – најмалку десет се во шок бидејќи биле сведоци на нападот или веднаш притрчале на помош. По инцидентот, учениците се забарикадирале во училниците согласно со процедурата.






