недела, 14 декември 2025

Убиени се најмалку 61.722 палестински цивили во Појасот Газа

Израелските окупациски сили (ИДФ) во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година до 13 август 2025 година убиле најмалку 61.722 палестински цивили, а повеќе од 154.525 биле ранети, соопшти денес палестинската дипломатија, повикувајќи се на соопштението и податоците на палестинското министерство за здравство во таа енклава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се истакнува и дека нападите на ИДФ го зголемиле бројот на гладни Палестинци кои биле убиени додека чекале во ред за храна – од 27 мај 2025 година се регистрирани 1.859 смртни случаи и повеќе од 13.594 повредени.

„Според податоците од министерството за здравство, од 13 август, од октомври 2023 година се документирани 235 смртни случаи поврзани со неухранетост, вклучувајќи 106 деца. Ова вклучува 170 смртни случаи од 1 јули 2025 година, од кои 45 се деца, и осум лица кои починаа во последните 24 часа“, се вели во соопштението.

Палестинското министерство за здравство истакнува дека на 6 и 13 август биле убиени 564 Палестинци, а 3.083 биле ранети.

Меѓу најсмртоносните израелски напади во текот на изминатата недела врз палестински цивили кои се засолнувале во училишта, шатори или станбени згради, министерството го истакнува намерното ракетирање на шаторот што го користеле новинарите пред главната порта на болницата Ал Шифа во градот Газа, кога беа убиени шест новинари и медиумски работници, вклучувајќи четворица вработени – двајца дописници и двајца сниматели – на медиумската мрежа Ал џезира во градот Газа.

Генералниот секретар на Обединетите нации повика на независна и непристрасна истрага за овие најнови убиства, кои ги истакнуваат екстремните ризици со кои новинарите во Газа продолжуваат да се соочуваат кога известуваат за тековната војна.

Палестинскиот сојуз на новинари (ПЈС) остро го осуди инцидентот и изјави дека убиството на шест новинари го зголеми вкупниот број на убиени новинари и медиумски работници од почетокот на ескалацијата на 238.

Во јули 2025 година, Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) повика на заштита на еден од убиените новинари, наведувајќи загриженост дека тој бил цел на кампања на ИДФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ