недела, 1 март 2026

Убиен е шефот на иранската војска

Државната телевизија на Иран објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили Абдолрахим Мусави е убиен во нападите врз Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мусави беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти за кои се вели дека биле цел на вчерашните заеднички напади на Соединетите Американски Држави и Израел.

Инаку, токму Мусави беше тој што пред пет дена им се закани на САД во име на иранските власти, што беше најтешката закана досега.

„Ако овој пат направат грешка, ќе им нанесеме големи загуби, бидејќи нашите вооружени сили се решени да се спротивстават на силата што врши заплашување до самиот крај“, кажа Мусави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ