сабота, 6 декември 2025

Уапсена Федерика Могерини

Белгиската полиција изврши рација во дипломатската служба на ЕУ, Европскиот колеџ и приватни домови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белгиската полиција, по барање на Европското обвинителство, наводно ја привела поранешната потпретседателка на Европската комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, која моментално е ректор на престижниот Колеџ на Европа во Бриж.

Според досега достапните информации, апсењето е дел од истрагата за местење тендер за купување зграда за Европската дипломатска академија во тој град.

Колеџот на Европа во Бриж е една од најпрестижните високообразовни институции што регрутира идни дипломати.

Извори во Брисел споменуваат можност Стефано Санино, сегашниот директор на Генералниот директорат за Медитеранот, новоформираната дирекција на Европската комисија за областа над која има надлежност хрватската комесарка Дубравка Шуица, да е меѓу приведените. Меѓутоа, Санино наводно е поврзан со местењето на тендерот додека бил генерален секретар на ЕЕАС, дипломатската служба на Европската Унија.

Белгиската полиција денеска ги претресе просториите на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) и Колеџот на Европа во Бриж, по барање на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (ЕППО), поради сомнение дека престижната постдипломска високообразовна институција однапред добила информации за конкурс за обука на дипломати. Покрај ЕППО, во истрагата се вклучени и белгиските власти, како и ОЛАФ.

„На барање на ЕППО, кое беше одобрено од истражниот судија, федералната полиција претресе неколку згради на Колеџот на Европа во Бриж, Европската служба за надворешна акција во Брисел и домовите на осомничените“, соопшти ЕППО, додавајќи дека се приведени три лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ