Адвокатот на Мело, Марсело Беса, рече дека тој бил уапсен рано утринава додека патувал за Бразилија, каде што планирал да се предаде откако судијата на Врховниот суд Александар де Мораес наредил негово апсење. Поранешниот претседател е приведен во Масејо, главниот град на државата Алагоас, изјави неговиот адвокат.
Мело, првиот претседател на Бразил избран на избори по завршувањето на последната бразилска диктатура во 1985 година, беше осуден во 2023 година на осум години и 10 месеци затвор за корупција и перење пари. Тој беше обвинет за примање мито од 30 милиони реали (4,65 милиони евра) од тогашната подружница на државната нафтена компанија Петробрас.
Фернандо Колор ди Мело ја презеде функцијата претседател во 1990 година, но не го заврши својот мандат, бидејќи Конгресот го отстрани од функцијата две години подоцна поради корупциски скандал. Врховниот суд го ослободи од обвиненијата во 1994 година.
Подоцна бил избран за сенатор на државата Алагоас. Тој го напушти Конгресот на почетокот на 2023 година по неуспешниот обид да стане гувернер на Алагоас.