понеделник, 29 декември 2025

Туск: За Западот и за Украина е пораз ако Русија ги диктира условите за мирот

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди денес по средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп и нивниот разговор со европските лидери дека Западот и Украина ќе претрпат пораз доколку Русија успее да ги диктира условите за мир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По вечерашните разговори со лидерите на европските земји, едно е сигурно: Западот и Украина ќе бидат поразени во тој конфликт доколку Русија успее да нè подели и да ги диктира условите за мир“, порача Туск на социјалната мрежа Икс.

Полскиот премиер учествуваше во консултациите на европските лидери со Зеленски пред средбата со Трамп, додека подоцна во разговорот со Трамп и Зеленски по средбите беше заменет од претседателот на Полска Карол Навроцки, како идеолошки близок до Трамп и движењето Да ја направиме Америка повторно голема.

„Успех е учеството на САД во безбедносните гаранции. Но финалето на разговорот е сè уште далеку“, кажа Туск кој вчера порача дека лидерите во Европа се сложни дека за мирот се клучни токму гаранциите за безбедност на Украина.

По разговорот меѓу Зеленски и Трамп, претседателот Навроки кажа дека токму вечерашните разговори покажуваат дека сите заинтересирани страни мора да учествуваат во одлучувањето и ја истакна важноста на Полска како центар низ кој оди 90 отсто од помошта за Украина.

„Одлучноста на американската страна и единството на европските држави обезбедуваат реални шанси да се стави крај на војната предизвикана од Руската Федерација“, оцени Навроцки на Икс.

Полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Кошњак Камиш денеска повтори дека Полска нема да испраќа војници во ниту една мировна сила во Украина и дека владата ја гледа улогата на Полска во транзитот на помошта и логистичката поддршка за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ