петок, 27 февруари 2026

Туск со потсмев кон Орбан: Како на вашиот јазик се вели унгарска пролет?

Полскиот премиер Доналд Туск испрати иронична порака до унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Икс, поигрувајќи си со зборови во контекст на актуелните политички тензии во Унгарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Туск праша дали унгарскиот израз за „унгарска пролет“ е „маѓар тавас“, алудирајќи притоа на презимето на главниот политички противник на Орбан, Петер Маѓар, кој според неодамнешните анкети бележи раст на поддршката.

Односите меѓу Туск и Орбан веќе подолго време се затегнати поради нивните спротивставени политички ставови. Унгарскиот премиер Виктор Орбан го опиша својот полски колега како „еден од најгласните подбуцнувачи на војна во Европа, кој ја претворил Полска во вазал на Брисел“.

Од друга страна, Туск смета дека Унгарија станала најсиромашна членка на Европската Унија поради корупцијата и обидите на Орбан да изгради авторитарен режим по пример на Русија.

Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април. Истражувањето на компанијата Медиан спроведено минатата седмица покажа дека опозициската десноцентристичка партија Тиса на Маѓар ја зголемила предноста над Фидес на Орбан.

Според анкетата, Фидес губи поддршка, а Тиса освојува приврзаници, и покрај многубројните мерки што владата ги најавила по три години економска стагнација.

Тиса ја зголеми својата предност над Фидес на 20 проценти меѓу определените гласачи, во однос на 12 проценти предност забележани во истражувањето на јавното мислење во јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ