петок, 30 мај 2025

Туск: Гласот на Полска во Европа долго не звучел толку силно

Во специјално обраќање до нацијата изјави синоќа дека во бруталните времиња на егоизам во светот Полска прави армија каква што немала со векови и инсистира во Европа да се слуша нејзиниот глас, бидејќи, според него, без Полска денес ништо не може да се договори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Создаваме армија каква што Полска немала со векови. Супер јака и модерна. Армија за победи. Гласот на Полска во Европа долго не звучел толку силно. Полска ја почитуваат и слушаат. Без Полска не може ништо битно да се договори во Европа“, кажа Туск во обраќањето по повод 21-годишнината од влегувањето на Полска во Европската Унија.

Полскиот премиер апелираше до полјаците дека немаат причина да се плашат од времето во кое денес живеат кога во светската политика се враќаат неизвесноста, бруталноста и егоизмот.

„Војната престана да биде апстрактна, приврзаноста кон вредностите ја замени уверувањето дека ништо не е бесплатно. Дели тоа значи дека повторно ќе ни ги грабнат нашите полски соништа? Дали треба да се плашиме? Не. Треба да бидеме силни“, кажа Туск.

Полскиот премиер потсети дека оваа година Полска одбележува 1.000 години откако бил крунисан кралот Болеслав Храбар и Полска станала кралство и оцени дека е пресвртница и дека земјата е спремна да биде регионална сила.

„Инвестирани се милијарди во вооружувањето и инфраструктурата. Нема да се колебаме да им дадеме предност на нашите претпријатија. Економскиот национализам не е ништо лошо“, кажа Туск.

Полскиот премиер го истакна значењето на економската дипломатија кога државата е покровител на експанзијата на полскиот бизнис, извозот и интересот на полските претпријатија во странство.

„Остро и доследно ќе се бориме за секое работно место во Полска“, кажа Туск.

Премиерот како нова парола на Полска наведе: најсилна економија, најмоќна армија, најсилен глас во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ