Сè уште не е јасно зошто се уапсени новинарите.
Турски суд во неделата одреди притвор за Имамоглу, главниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, до судењето поради обвиненијата за корупција.
Апсењето на Имамоглу минатата недела ги предизвика најголемите протести во таа земја во последните десет години.
Иако властите забранија протести на улиците во многу градови, граѓаните веќе пет ноќи по ред одржуваат главно мирни протести против владата.
Главната опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), повика на протести против судската одлука за Имамоглу., нарекувајќи ги политички мотивирани и недемократски.
Владата негира дека истрагите се политички мотивирани и тврди дека судовите се независни.
Имамоглу ги отфрли обвиненијата, нарекувајќи ги „несфатливи обвинувања и клевети“ и повика на протести низ земјата.
Меѓу уапсените новинари е и фотограф на агенцијата Франс прес, соопшти турскиот синдикат на социјалната мрежа Икс.






