„Не сакаме да видиме никаква интервенција тука, но ако се погледне политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, досега не сме виделе силна наклонетост кон употреба на копнени сили“, изјави Фидан.
Тој зборуваше на прес-конференција во Истанбул, додавајќи дека случувањата во Иран имаат „меѓународна димензија бидејќи Техеран е под санкции“, пренесе турската новинска агенција Анадолу.
„Она што тука збунува е тоа што тешкотиите со кои се соочуваат луѓето поради економските и други проблеми може да изгледаат како идеолошко востание против режимот, а во суштина станува збор за сива зона“, додаде Фидан.






