На саемот турската морнарица за првпат претстави макета на својот иден носач на авиони. МУГЕМ е кратенка од „Milli ucak gemisi’, што значи национален носач на авиони, истакнувајќи ги амбициите на Турција да го развие бродот без странска помош. Овој проект претставува значителен пресврт во актуелните напори на земјата кон самодоверба во капацитетите на поморската одбрана, пишува специјализираниот портал Нејавл њуз.
Како што се наведува, фазата на идејниот дизајн за МУГЕМ е сè уште во тек, но турските власти јасно дадоа до знаење дека носачот ќе биде изграден целосно во земјата, одразувајќи ја растечката експертиза на Турција во секторот на поморското бродоградење.
Türkiye’s 60K-ton #MUG/#MUGEM aircraft carrier will have a ferry range of 10K nautical miles hosting 50+ aircraft including [among others] #Hürjet, #Kızılelma, #ANKA3, #TB3 & #TUSAS S-70 helicopters. Construction to begin by the end of the year for commissioning in 2028! 🇹🇷 pic.twitter.com/jRMwsm2zPX
— Turkish Century (@TurkishCentury) October 22, 2024
Проектот МУГЕМ беше прв пат јавно претставен во февруари 2024 година, кога претседателот Реџеп Таип Ердоган ја посети Канцеларијата за проектирање во истанбулското морнаричко бродоградилиште. Од тогаш проектот привлече пошироко внимание. Во април 2024 новинарите имаа прошетка зад сцената во бродоградилиштето, каде турски поморски функционери споделија детали за проектот, вклучувајќи ги дизајнот и можностите на бродот.
МУГЕМ има оптимизирана форма на трупот, развиена со користење на повеќедимензионален алат за оптимизација, кој обезбедува одлични поморски карактеристики, стабилност и висока способност за маневрирање. Овие способност се докажани преку интерните алатки за симулација, правејќи го носачот ефикасен во различни поморски услови.
Носачот ќе има три писти, две за полетување и една за слетување. На почетокот носачот нема да има систем за катапултирање, наместо тоа ќе има модуларен дизајн на рампата. Меѓутоа, турските инженери веќе работат на домашен систем за катапултирање, за кој се очекува во иднина да ја замени рампата, дополнително подобрувајќи ги оперативните можности на носачот.
Ülkemizin ilk uçak gemisi MUGEM’in maketi SAHA EXPO’da yerini aldı. Maket üzerinde geminin savunması için hava savunma mühimmatı taşıyan 32 adet MİDLAS hücresi ve 4 adet GÖKDENİZ bulunmakta. Maket üzerinde uçak gemisinde kullanılması planlanan Hürjet, Kızılelma, TB3 ve Anka 3… pic.twitter.com/l25BD8oCf4
— Turkish Defence Agency (@tdefenceagency) October 21, 2024
Се очекува на носачот да има место за до 50 авиони, вклучувајќи летала со и без екипаж. Со сегашниот план е предвиден простор за 20 авиони на палубата и 30 во хангарите. Турски одбранбени функционери навестија дека капацитетот на носачот може да се зголеми со напредувањето на проектот.
Носачот на авиони МУГЕМ треба да биде широк 72 метри, да има максимална брзина од над 25 јазли, со брзина на крстосување од 14 јазли, дострел треба да биде 10.000 наутички милји со крстосувачка брзина. Треба да биде доволно голем да собере екипаж од 800, и 50 летала со екипажи.
Со растечката стручност на земјата во одбранбените технологии и нејзиниот фокус на домашни решенија, МУГЕМ треба да стане централна предност во стратегијата на поморската одбрана на Турција.






