понеделник, 8 декември 2025

Турција: Новинар осуден на четири години затвор поради наводни закани до Ердоган

Турскиот новинар Фатих Алтајли е осуден денес на четири години и два месеци затвор за „закани“ кон претседателот Реџеп Таип Ердоган, објави невладината организација за заштита на новинарите МЛСА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Алтајли беше уапсен кон крајот на јуни откако, по повод анкета која покажа дека големо мнозинство од Турците би биле против потенцијален доживотен мандат Ердоган, изјави дека неколку отомански султани биле „убиени“ или „задавени“.

„Многу отомански султани биле задавени, убиени или се зборува дека извршиле самоубиство кога не биле сакани или посакувани“, кажа Алтајли на 20 јуни.

Новинарот Алтајли/ Скриншот Јутјуб

Два дена подоцна, обвинителот побара негово притворање, тврдејќи дека му се заканил на турскиот претседател.

Новинарот кажа во притвор дека дал само „историски контекст“, без намера да се заканува.

Ајтајли има 2,8 милиони следбеници на социјалната мрежа Икс и речиси 1,7 милиони претплатници на својот канал на Јутјуб, каде што водеше популарна дневна емисија до јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ