недела, 7 декември 2025

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Главниот обвинител во Истанбул издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за геноцид, се наведува во соопштение на обвинителството.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено, Канцеларијата на главниот обвинител освен за Нетанјаху, издала налози за апсење и за голем број други израелски функционери под обвинение за геноцид во Појасот Газа.

„Налози за апсење се издадени за 37 осомничени, вклучувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Израел Кац, под обвинение за геноцид и злосторства против човештвото“, соопшти турското државното обвинителство.

Канцеларијата на главниот обвинител нагласи дека израелските власти се обвинети за геноцид, масовно бомбардирање на Појасот Газа и попречување на испораката на хуманитарна помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ