петок, 16 мај 2025

Трудо: Царините за Канада што ги објави Трамп ќе го поскапат животот на Американците

Новоизбраниот американски претседател се закани дека ќе воведе данок од 25 отсто за сите производи што влегуваат во САД од Канада и од Мексико, доколку тие земји не го запрат протекот на мигранти и дрога.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Канадскиот премиер Џастин Трудо оцени дека Американците „почнуваат да се будат и да ја сфаќаат реалноста“ дека царините за сите производи од Канада, чие воведување го најави новоизбраниот претседател на Соединетите Држави, Доналд Трамп, „ќе го направат животот многу поскап“, објави денеска АП.

Говорејќи на настан организиран од Стопанската комора на Халифакс, Трудо рече дека справувањето со Трамп ќе биде „малку потешко“ отколку за време на неговиот прв мандат, по неговата изборна победа во 2016 година.

Новоизбраниот американски претседател се закани дека ќе воведе данок од 25 отсто за сите производи што влегуваат во САД од Канада и Мексико, доколку тие земји не го запрат протекот на мигранти и дрога.

„Трамп е избран поради посветеноста да го направи животот подобар и попристапен за Американците, и мислам дека луѓето јужно од границата почнуваат да се будат во реалноста дека царините на сè од Канада ќе го направат животот многу поскап“, рече Трудо.

Тој рече дека Канада „се разбира, како и пред осум години, ќе одговори на неправедните царини“ и дека „нема потреба за паника“.

„Една од најважните работи што треба да ги направиме е да не паничиме“, рече Трудо.

Канадскиот премиер рече дека неговата влада сè уште ги разгледува „вистинските начини“ да одговори на најавените американски царини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ