недела, 14 декември 2025

Тројца загинати на плажите во Одеса: Мини експлодирале додека пливале

Тројца капачи загинаа во јужниот украински регион Одеса на две плажи каде што пливањето беше забрането, соопштија локалните власти денеска.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот гувернер, Олех Кипер, изјави дека еден маж е убиен во градот Каролино-Бугаз, додека маж и една жена загинале во блиската населба Затока. Двете населби се наоѓаат покрај брегот, јужно од регионалниот центар на Одеса.

„Сите се убиени од експлозивни направи додека пливале во забранети рекреативни зони“, се наведува во неговото соопштение.

„Ова уште еднаш покажува дека влегувањето во неиспитани води е смртоносно опасно!“, предупреди Кипер.

Црноморскиот брег во оваа област со години е омилена летна дестинација, но од почетокот на руската инвазија властите предупредуваат на претпазливост, бидејќи мини се расфрлани по брегот. Кипер додаде дека 32 плажи се прогласени за безбедни за капење, од кои 30 се наоѓаат во градот Одеса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ