недела, 14 декември 2025

Тројца мртви во пукање на Косово, полицијата го знае убиецот

Вчера околу 12:30 часот по полноќ, на улицата Ибрахим Ругова во Гњилане, Косово, се случило пукање. Татко и син, од познато златарско семејство, биле убиени во кафуле во близина на зградата на општината. Малку подоцна, починал и еден од тешко повредените, кој бил на лекување во болницата во Гњилане, со што бројот на жртви се искачи на три.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

За убиството е осомничен Мефаил Шкодра, по кого косовската полиција распишала потерница. Полицијата побарала помош од граѓани кои можеби имаат информации за тоа каде се наоѓа осомничениот.

Осомничениот претходно ѝ бил познат на полицијата. Кон крајот на јуни минатата година, во рамките на полициска операција во Гњилане, Мефаил Шкодра и неговиот син Едонис биле уапсени под сомнение дека вршеле притисок и се заканувале на жртвата, предизвикувајќи материјална штета поголема од 600.000 евра.

За време на таа полициска операција, конфискувани се три автомобили, мотоцикли, оружје и муниција, банкноти од евра, разни документи и други материјални докази. Според фотографиите од социјалните мрежи, Мефаил Шкодра живее луксузен живот.

Во неговите бројни објави се издвојуваат скапи часовници и автомобили и дизајнерска облека. Осомничениот има и фотографии на социјалните мрежи на кои е во друштво на косовската претседателка Вјоса Османи и нејзиниот сопруг Приндон, како и на актуелниот премиер Аљбин Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ