„Работиме во истите формати како и вчера — трилатерални консултации, работни групи и понатамошна координација на позициите“, објави главниот украински преговарач Рустем Умеров, пренесува Укринформ.
Пратеникот на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитријев, изјави дека е постигнат напредок во мировните преговори за Украина, јавува Ројтерс.
Дмитријев исто така изјави дека „воените хушкачи“ од Европа и Британија „постојано се обидуваат да се вмешаат“ во преговарачкиот процес.
„И колку повеќе има такви обиди, толку повеќе гледаме дека дефинитивно се постигнува напредок“, изјави тој пред новинарите.
Дмитријев наведе дека активно се работи и на обновување на односите меѓу Русија и САД, вклучително и во рамките на американско-руската работна група за економија.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент учествувал на претходната средба на таа работна група на 31 јануари во Мајами, заедно со Дмитријев, пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп — Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.






