среда, 24 декември 2025

Три лица загинаа во експлозија во Москва

Три лица, меѓу кои и двајца полицајци, денеска загинаа во експлозија во Москва, соопштија руските истражители, само неколку дена откако во експлозија на автомобил-бомба беше убиен висок генерал недалеку од местото на настанот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двајца сообраќајни полицајци му се приближувале на „сомнително лице“ кога експлозивната направа детонирала, изјави портпаролката на Истражниот комитет, Светлана Петренко.

Двајцата полицајци, како и уште едно лице што се наоѓало во близина, починале од добиените повреди.

Истражителите и експертите за судска медицина се наоѓаат на местото на настанот, изјави Петренко.

Инцидентот се случил во истиот дел од Москва каде што во понеделникот наутро во експлозија на автомобил-бомба загина генерал-потполковникот Фанил Сарваров.

Сарваров, началник на Управата за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили, загинал кога експлозивна направа детонирала под неговото возило во јужниот дел на Москва.

Истражителите изјавија дека зад нападот можеби стои Украина, што би било трето такво убиство на висок воен офицер за нешто повеќе од една година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ