понеделник, 8 декември 2025

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Трговски брод пријавил дека бил погоден со проектил и претрпел штета на 140 километри западно од јеменскиот пристанишен град Ал Худајда, соопштија Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) и британската безбедносна фирма Амбри.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Бродот претрпе одредена штета. Екипажот е безбеден и бродот продолжува кон следното пристаниште“, соопшти УКМТО. Амбри исто така објави дека бродот претрпел штета и нема повредени. УКМТО соопшти дека друг брод, на 93 километри југозападно од Ал Худајда, пријавил дека проектили надлетувале над бродот и експлодирале во далечина.

„Командантот пријави дека два проектила летале над бродот и слушнал две силни експлозии во далечина. Бродот не пријавил никаква штета и екипажот е безбеден. Бродот продолжува кон следното пристаниште“, се вели во соопштението.

Американската војска доцна синоќа соопшти дека Хутите истрелале две противбродски балистички ракети од Јемен кон Аденскиот Залив и два проектили кон Црвеното Море, но нема извештаи за повредени или оштетувања на американските или коалициските бродови.

Централната команда на американската војска соопшти дека уништила девет противбродски проектили и две беспилотни летала во области под контрола на Хутите во Јемен.

Хутите постојано лансираат беспилотни летала и проектили врз меѓународни комерцијални бродови во Аденскиот Залив од средината на ноември, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците против израелските воени дејства во Газа.

Нивните напади на Црвеното Море го нарушија глобалниот транспорт, принудувајќи ги компаниите на подолги и поскапи патувања околу јужна Африка. Како одговор, САД и Велика Британија започнаа напади врз цели на Хутите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ