понеделник, 12 јануари 2026

Трговската политика која ја предложи Трамп е „чекор во погрешна насока“, тврди ЕУ

Трговската политика која ја предложи претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп Европската комисија го оценува како „чекор во погрешна насока“, соопшти оваа институција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се потврдува дека Европската Унија останува посветена на отворен и предвидлив глобален трговски систем кој им користи на сите партнери.

„ЕУ одржува некои од најниските царини во светот и не гледа оправдување за зголемување на американските царини за својот извоз. Царините се даноци. Со воведувањето царини, САД ги оданочува своите граѓани, ги крева трошоците на работењето, го задушува растот и поттикнува инфлација. Царините ја зголемуваат економската неизвесност и ја нарушуваат ефикасноста и интеграцијата на глобалните пазари“, наведе Европската комисија.

Трамп вчера претстави мапа на патот за воведување реципрочни царини на секоја земја која има царини на увозот од САД и изјави дека би сакал Русија да биде вратена во Г7 – групата седум западни индустриски најразвиени земји.

Белата куќа наведува дека реципрочните царини ќе ја зајакнат економската и националната безбедност на САД.

Меѓутоа, во соопштението од бриселската извршна власт се истакнува дека светската економија „цветала“ под предвидливите, транспарентни правила и ниски царини, и дека со децении ЕУ работела со трговските партнери како САД на намалување на царините и другите трговски бариери низ светот, зајакнувајќи ја оваа отвореност со обврзувачки обврски во трговскиот систем заснован на правила, „обврски кои САД сега ги поткопуваат“.

„ЕУ ќе реагира цврсто и веднаш на неоправдани бариери за слободната и фер трговија, вклучувајќи кога царините се користат за оспорување на законските и недискриминаторни политики. ЕУ секогаш ќе ги штити европските претпријатија, работниците и потрошувачите од неоправдани царински мерки“, се порачува во соопштението.

Се додава дека ЕУ напредува како една од најотворените светски економии, со повеќе од  отсто од увозот кој влегува по нулта тарифа.

Просечната применета царина на ЕУ на увозната роба останува меѓу најниските во светот.

Економската интеграција и отстранувањето на трговските бариери се фундаментот за успехот на Европската Унија.

Европската комисија наведува дека верува во трговски партнерства кои се обострано корисни и врамнотежени, засновани на транспарентност и правичност.

Поради тоа, како што наведува во соопштението, ЕУ ја има најголемата и најбрзо растечка мрежа на трговски договори во светот. ЕУ испреговарала и склучила три пати повеќе трговски договори од Соединетите Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ