вторник, 3 март 2026

Тргна првиот товарен воз на новата пруга Будимпешта – Белград (ФОТО)

Првиот товарен воз на компанијата МАВ реилтурс тргна неколку минути по полноќ на новата железничка линија Будимпешта – Белград. Оваа вест ја потврди генералниот директор на Унгарските железници (МАВ) Жолт Хеѓи на својот Фејсбук профил, пренесуваат српските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хеѓи објасни како обновената железница, означена со број 150, ќе биде тестирана во реални услови со секојдневен товарен сообраќај пред повторното воспоставување на патничкиот сообраќај. Тој додаде дека сите мерења и тестови покажале дека железницата ги исполнува сите инфраструктурни и безбедносни барања за сообраќај на товарни возови.

Тој нагласи дека реконструкцијата на линијата 150 е најголемата железничка инвестиција во Унгарија во последните години. „Наместо старата железница со еден колосек во лоша состојба, изградена е железница со два колосеци за брзина до 160 километри на час, опремена со најсовремени погодности за патниците“, објасни Хеѓи.

Генералниот директор на МАВ ги повика граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат прописите при пристапување кон железницата. Тој предупреди дека на таа делница долго време нема железнички сообраќај и затоа е потребна дополнителна претпазливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ