петок, 30 мај 2025

Третата политичка сила во Бугарија потпиша соработка со владејачката руска партија

Проруската националистичка бугарска партија Вазраждане (Оживување) потпишала договор за соработка со владејачката партија на Руската Федерација „Единствена Русија“. тоа се случило и покрај тоа што Русија официјално ја прогласи Бугарија за „непријателска држава“ по воведувањето на антируските санкции од страна на Европската Унија, дознава Еурактив.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Договорот предвидува размена на искуства, идеи и политичка пракса меѓу двете партии и претставува важен позитивен чекор кон обновата на целосните бугарско-руски односи“, наведува партијата Вазраждане.

Договорот го потпишале заменик претседателот на вазраждане Тсончо Ганев, кој е и потпретседател на бугарското собрание, и Владимир Јакушев – заменик претседателот на горниот дом на Државната дума на Руската Федерација.

Според достапните информации, Вазраждане е третата најголема партија во бугарскиот парламент по изборите во октомври 2024, има 33 пратеници од вкупно 240. Партијата отворено се противи на членството на Бугарија во Европската Унија и НАТО и се залага за неутралност во конфликтот во Украина.

Претходно безуспешно се обиде да иницира референдум за забрана на воведувањето на еврото.

Оваа партија влезе во бугарскиот парламент благодарение и на цврстиот став против вакцините и карантинот за време на пандемијата на коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ