Распоредувањето на носачот на авиони во оперативната зона на Европската команда било планирано кон крајот на минатата година. Со оглед на сегашниот конфликт со Иран, многу е веројатно дека ќе биде преместен во источниот дел на Средоземно Море, во близина на Израел.
Во исто време, друг носач на авиони се упати кон Блискиот Исток, УСС Нимиц, каде што треба да се придружи или да го замени УСС Карл Винсон, објави Си-ен-ен.
Американската војска користи носачи на авиони за да демонстрира воена моќ, а тие се меѓу првите сили што се испраќаат во кризни ситуации. Постојат десетици борбени авиони способни за извршување напади, како и за пресретнување ракети и беспилотни летала, а тие се придружени од воени бродови кои обезбедуваат одбрана од воздушни, морски и подморнички закани.