петок, 16 мај 2025

Трамп „завојува“ и со филмовите: најави царини од 100 отсто за оние снимени во странство

Американскиот претседател Доналд Трамп, продолжувајќи ја својата „царинска војна“, најави дека ќе воведе царини од 100% за филмовите произведени во странство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во синоќешната објава на својата платформа Трут сошл Трамп рече дека ги овластил Министерството за трговија и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД да воведат царини од 100 отсто за „секој и сите филмови“ што доаѓаат во САД, а се произведени во „странски земји“.

„Филмската индустрија во Америка умира од многу брза смрт“, напиша тој, посочувајќи дека многу земји нудат различни видови стимулации за да ги намамат филмските режисери и студија подалеку од Соединетите Држави. „Ова е заеднички потфат на други нации и затоа претставува закана за националната безбедност. Покрај сѐ друго, ова е праќање пораки и пропаганда!“, рече тој.

Како што пишува агенцијата АП, сѐ уште не е јасно како таквата царина би можела да се примени за меѓународните продукции. Честа појава е за големите филмови, но и за некои мали заедно да вклучат продукцијата во САД и во други земји. Високобуџетните филмови, како најновиот „Невозможна мисија – конечна одмазда“, се снимени низ целиот свет.

Стимулативните програми се однесуваат на местото каде што се снимаат филмовите, а филмската продукција сѐ повеќе се сели надвор од Калифорнија во други американски држави и други земји со поволни даночни услови, како што се Канада и Велика Британија, пишува агенцијата АП.

Сепак, тарифите се наменети да ги привлечат потрошувачите кон американските производи. Во американските кина убедливо доминираат филмовите произведени во Америка, истакнува АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ