недела, 5 април 2026

Трамп за спасувањето на американскиот пилот: „Тоа е доказ за нашата воздушна надмоќ“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска спровела „една од најсмелите операции за трагање и спасување во историјата“ и го извлекла вториот член на екипажот на соборениот борбен авион Ф-15 над Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го имаме! Овој храбар офицер, високо почитуван полковник, сега е безбеден“, порача Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал, додавајќи дека пилотот бил длабоко зад непријателските линии, во планините на Иран, додека непријателските сили го барале.

Трамп тврди дека операцијата била спроведена по негова наредба со вклучување на десетици авиони вооружени со „најмоќното оружје во светот“, и дека пилотот е повреден, но надвор од опасност.

Според него, ова е втора успешна операција за спасување за два дена. Првиот пилот од истиот соборен авион беше спасен претходно, но ова не беше објавено за да не се загрози другата операција.

„За прв пат во воената историја, двајца американски пилоти беа спасени одделно, длабоко на непријателска територија“, напиша Трамп.

Тој исто така додаде дека „ниту еден американски војник не е убиен во двете операции“, што, тврди тој, е доказ за „целосната воздушна супериорност на САД над Иран“.

Американски борбен авион Ф-15Е „страјк игл“ беше соборен во петокот над јужен Иран, со двајца членови на екипажот – пилотот и офицер за оружје. По падот, започна сложена операција за трагање и спасување во исклучително опасни услови.

Претходно беше потврдено дека едниот член на екипажот е спасен, додека по другиот се трага, со извештаи за напади врз американски хеликоптери за време на операцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ