вторник, 9 декември 2025

Трамп: Време е Украина да одржи избори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во интервју за Политико ја повика Украина да одржи избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, исто така, рече дека сега е „важен момент“ Украина да одржи избори, истакнувајќи дека поминало предолго од последното гласање и дека украинскиот народ заслужува избор. Тој упати нов предизвик до Володимир Зеленски, чиј претседателски мандат истече во мај 2024 година, но не може да организира претседателски избори затоа што украинскиот закон не дозволува избори во воена состојба.

„Мислам дека ова е важен момент да се одржат избори. Тие ја користат војната за да не одржат избори, но јас би рекол дека украинскиот народ би требало да ја има таа можност за избор. И можеби Зеленски би победил. Не знам кој би победил. Но тие одамна немаат избори. Знаете, зборуваат за демократија, но доаѓа момент кога тоа повеќе не е демократија“, рече тој.

Трамп го повика Зеленски да почне „да игра по правилата“

Трамп го повика Зеленски да почне да ги прифаќа мировните предлози, истакнувајќи дека Русија има многу посилна преговарачка позиција и дека на долг рок веројатно ќе ги надмине украинските сили.

Во интервјуто за Политико Трамп посочи дека Русија е „многу поголема земја“ и моментално има „предност“ во конфликтот.

„Па, тие изгубија територија многу пред јас да дојдам. Изгубија цел појас долж морето, голем приморски појас. Ќе речам, само погледнете ги картите. Јас… јас сум тука 10 месеци. Но ако се вратите 10 месеци наназад и погледнете, тие го изгубија тој цел појас. Сега тој појас е уште поголем. Тоа е поширок појас. Но тие изгубија многу земја, и тоа многу добра земја, тоа што го изгубија.“

„Во еден момент, големината победува. А ова е огромна големина“, рече Трамп, инсистирајќи дека Зеленски треба да почне да го чита најновиот нацрт на американскиот мировен предлог.

Трамп рече дека, според неговите сознанија, украинскиот лидер сè уште не го разгледал најновиот американски план, иако на „високите украински функционери им се допадна предлогот“. „Многу луѓе умираат. Би било навистина добро ако го прочита“, додаде тој, сугерирајќи дека Зеленски е одговорен за забавувањето на процесот.

„Ќе мора да се зафати со работа и да почне да прифаќа работи“, изјави Трамп, додавајќи дека Зеленски во моментов „губи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ