недела, 6 април 2025

Трамп: Воведуваме реципрочни мерки за земјите низ светот

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека Соединетите Американски држави воведуваат „реципрочни мерки“ на сите земји, отприлика во висина на половина од она што тие му го наплаќаат на Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп извршниот указ го потпиша на настан во Белата куќа, наречен „Ден на ослободувањето“.

Тој изјави дека царините кои ги воведува денес стапуваат на сила на полноќ. Тие ќе вклучуваат царини од 25 отсто на сите автомобили произведени во странство.

Трамп изнесе графикон на кој е прикажано дека Кина им „наплаќа“ на САД царина од 67 отсто, па САД на Кина ќе ѝ воведат царина од 34 отсто.

Графиконот прикажа дека САД ќе им воведат царини од 20 отсто на Европската Унија, 37 отсто на Србија, 46 отсто на Виетнам, 32 отсто на Тајван, 24 отсто на Јапонија, 26 отсто на Индија, 25 отсто на Јужна Кореја, 26 отсто на Тајланд, како и на некои други земји.

Кажа и дека ќе воведе царина од 10 отсто на сета роба која се увезува од Обединетото Кралство.

Трамп порача дека светските лидери кои сакаат изземање од неговите „реципрочни царини“ треба да ја сменат својата трговска политика.

„Укинете ги своите царини, укинете ги бариерите, не манипулирајте со валутите. И почнете да купувате десетици милијарди долари американска роба“, кажа тој.

Трамп истакна дека 2 април 2025 засекогаш ќе остане запаметен како „денот кога американската индустрија е повторно родена“.

„Со децении нашата земја беше ограбувана, опустошена, силувана и уништувана од страна на нации блиски и далечни“, додаде тој, мислејќи и на сојузниците и на непријателите, пренесува Гардијан.

Трамп тврди дека царините кои ги најави ќе донесат „шест билиони долари инвестиции“, но експертите објаснуваат дека царините всушност ги плаќаат американските фирми и потрошувачите. Тоа претставува најголемо „зголемување на даноците“ во историјата на Соединетите Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ