недела, 25 јануари 2026

Трамп: Војската на САД, за време на акцијата во која беше уапсен Мадурпо, користеше ново тајно оружје

Војската на Соединетите Американски Држави користела ново тајно оружје, дискомбобулатор, за време на операцијата во која беше киднапиран венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Њујорк пост, Трамп објасни дека мистериозното оружје, чие име е синоним за збунување, „ја онеспособило работата на (непријателската) опрема“ кога американските хеликоптери слетале во Каракас на 3 јануари за да ги уапсат Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, без да изгубат ниту еден американски живот.

„Дискомбобулатор. Не ми е дозволено да зборувам за тоа. Би сакал“, кажа Трамп за време на ексклузивно интервју во Овалната канцеларија.

Трамп ја потврди употребата на тоа оружје во тајната операција во Венецуела.

„Тие никогаш не ги лансирале своите ракети. Имале руски и кинески ракети и никогаш не лансирале ниту една. Влеговме, тие притиснаа копчиња и ништо не функционираше. Беа спремни за нас“, кажа Трамп.

Тој додаде дека САД имаат „одличен однос“ со новата претседателка на Венецуела, Делсеа Родригез.

„Таа беше одлична“, кажа Трамп.

Тој зборуваше за новото тајно оружје, одговарајќи на прашање на новинар да коментира за медиумските извештаи дека администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден купила импулсно енергетско оружје.

Њујорк пост објавува дека не се знае многу за оружјето, но дека медиумските извештаи следеле по извештаите од Венецуела во кои се опишувало дека вооружените лица на Мадуро паѓале на колена, „крвареле од нос“ и повраќале крв, пред пристигнувањето на Американците.

Член на тимот за набљудување на соборениот Мадуро подоцна раскажал дека „одеднаш сите радарски системи се исклучиле без никакво објаснување“.

„Следното нешто што го видовме беа беспилотни летала, многу беспилотни летала, кои летаа над нашите позиции. Не знаевме како да реагираме“, кажал член на гардискиот тим, кој навел дека потоа се појавиле осум американски хеликоптери, транспортирајќи околу 20 американски војници во областа.

Тој изјави дека следело лансирање на нешто непознато за него.

„Не знам како да го опишам. Беше како многу интензивен звучен бран. Одеднаш почувствував како главата ми експлодира одвнатре. Сите почнавме да крвариме од носот. Некои повраќаа крв. Паднавме на земја, неспособни да се помрднеме. Не можевме ни да станеме по тоа звучно оружје, или што и да беше тоа“, кажал член на стражарскиот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ