понеделник, 9 март 2026

Трамп: „Војната со Иран е речиси завршена“

„Во мојата глава, таа веќе привршува“, рече американскиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран би можела наскоро да заврши, додавајќи дека „војната е речиси целосно завршена“.

Во изјава за телевизијата Си-би-ес њуз Трамп рече дека американските операции се „многу пред предвидениот распоред“, иако претходно изјавуваше дека конфликтот би можел да трае неколку недели, пренесе Би-би-си.

Трамп рече дека американските сили напредуваат побрзо од очекуваното и дека Иран е сериозно ослабен по американско-израелските напади.

„Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловство“, рече Трамп, додавајќи дека иранските ракети се „сведени на расфрлани напади“. „Нивните дронови се уништуваат насекаде, вклучително и на местата каде што ги произведуваат. Ако погледнете, тие веќе немаат ништо. Во воена смисла – ништо не им остана.“

На прашањето дали мисли дека војната би можела наскоро да заврши, Трамп одговори: „Во мојата глава, таа веќе привршува.“

Тој исто така упати остро предупредување до Техеран во врска со иранските ракети.

„Истрелаа сè што имаа за истрелување и подобро да не пробуваат никакви трикови, затоа што тоа ќе биде крајот на таа земја… Ако направат нешто лошо, тоа ќе биде крај на Иран и повеќе никогаш нема да го слушнете тоа име.“

Зборувајќи за Ормускиот теснец, Трамп изјави дека САД размислуваат за нови потези.

„Размислуваме да го преземеме. Можеме да направиме многу.“

На прашањето дали има претпочитан нов лидер на Иран, тој одговори:

„Не сакам да кажам ништо за тоа, но да – имам.“

Трамп исто така беше прашан дали има порака за новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи.

„Немам никаква порака за него. Никаква.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ