„Тие сакаат да постигнат договор, но по моето мислење не се подготвени да постигнат договор“, изјави Трамп за Пи-би-ес њуз, додавајќи дека Соединетите Американски Држави „стојат многу добро“ во воената кампања.
Тој претходно кажа дека „се согласил да разговара“ со иранските претставници, предупредувајќи дека нападите ќе продолжат ако Техеран не ги исполни барањата на Вашингтон.
За островот Харг, главниот терминал за извоз на нафта во Иран, Трамп тврди дека објектот е „надвор од функција“, но намерно избегнувал напади врз нафтоводите, поради тоа што се потребни години за да се обнови таквата инфраструктура.
Американскиот претседател додаде дека повторно би го нападнал островот доколку биде потребно.
На прашањето кога ќе паднат цените на нафтата, Трамп одговори дека очекува нормализирање „штом ќе заврши војната“ и дека не верува дека „тоа ќе трае долго“.
Американско-израелските напади врз Иран почнаа на 28 февруари, а досега се убиени повеќе од 1.300 луѓе, вклучувајќи го и поранешниот врховен лидер Али Хамнеи. Од почетокот на војната се убиени четиринаесет американски војници.






