понеделник, 22 декември 2025

Трамп: Водам долг разговор со Путин, ќе ви раскажеме подоцна

Американскиот претседател Доналд Трамп води телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, според објава на Трамп на Трут сошл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Разговорот се води еден ден пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, каде што се очекува да изврши притисок за трансфер на ракети со долг дострел „томахавк“ во Украина.

„Сега разговарам со претседателот Путин“, напиша Трамп на Трут сошл. „Разговорот е во тек, долг е, и јас ќе ја објавам содржината, како и претседателот Путин, по неговото завршување.“

Не се знае на кои теми дискутираат двајцата лидери, но се верува дека нивниот разговор е концентриран на конфликтот во Украина, особено затоа што телефонскиот повик доаѓа пред претстојната средба на Трамп со Володимир Зеленски в петок.

Зеленски утре ќе се сретне со Трамп за да побара поголема воена помош, додека Киев и Москва ги засилуваат нападите врз енергетските постројки, а НАТО размислува како да одговори на честите руски воздушни напади.

Украина ги сака американските ракети „томахавк“ со долг дострел, а зеленото светло од Вашингтон би ги довело Москва и другите големи руски градови во опсегот на нишанот на Киев.

Американскиот претседател изјави дека може да одобри испраќање „томахавк“ во Украина ако Путин одбие да седне на преговарачка маса.

Трамп во вторникот изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател и дека не разбира „зошто ја продолжува оваа војна“. „Тој може да ја заврши. Може да ја заврши многу брзо“, рече републиканецот за руската инвазија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ