недела, 14 декември 2025

Трамп: Во следните 24 часа значително ќе ѝ ги зголемам царините на Индија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека значително ќе ги зголеми царините за увоз од Индија во следните 24 часа од сегашната стапка од 25 отсто, бидејќи Њу Делхи продолжува да купува руска нафта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Определивме 25 отсто, но мислам дека значително ќе го зголемам тоа во следните 24 часа затоа што тие купуваат руска нафта“, изјави Трамп за американската телевизиска мрежа Си-ен-би-си. „Тие ја охрабруваат оваа воена машина и ако продолжат да го прават тоа, нема да бидам задоволен“, истакна тој.

Тој исто така кажа дека понудата за „нулта царина“ за увоз на американска стока во Индија не е доволно добра и додаде дека Индија ја поттикнува војната во Украина. Заканата на Трамп до Индија поради купувањето руска нафта беше испратена на 31 јули, кога американскиот претседател објави царини од 25 отсто за индиската стока.

Министерството за надворешни работи на Индија претходно соопшти дека земјата е неправедно издвоена за купување руска нафта. „Интересно е што токму тие нации што ја критикуваат Индија самите почнуваат да тргуваат со Русија“, се вели во соопштението објавено синоќа. „Затоа, неоправдано е да се издвојува Индија“, истакнаа тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ