„Дали е навистина можно да е постигнат голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не видите, но можеби се случува нешто добро. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Коментарите на Трамп доаѓаат по интензивните разговори меѓу делегациите на САД и Украина во Женева, како дел од планот од 28 точки, чија прва верзија предизвика критики во Киев и европските престолнини поради одредбите што се во голема мера поволни за Русија. САД тврдат дека сегашниот нацрт се менува и дека „сè повеќе ги одразува украинските национални интереси“.






