четврток, 22 јануари 2026

Трамп „викинг“ на новата насловна страница на Њујорк пост (ФОТО)

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, која е во Давос со американскиот претседател Доналд Трамп, сподели пост поврзан со Гренланд на социјалните мрежи. Таа објави фотографија од насловната страница на денешното издание на Њујорк пост, на која пишува: „Трамп најавува „рамка“ за договор за Гренланд – САД би можеле да поседуваат делови од островот“, со илустрација на американскиот претседател со викиншки шлем.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Засега нема дополнителни информации за содржината на наводната „рамка“ или идниот договор за Гренланд, што Трамп го објави вчера на својата социјална мрежа Трут соушал. За време на престојот во Давос, тој избегна да одговори на новинарските прашања за тоа дали таков договор би им дал на Соединетите Американски Држави вистинска контрола врз таа територија.

Трамп тврди дека „рамката на идниот договор“ е договорена по разговорите со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, но не даде никакви конкретни детали. Руте, од друга страна, кажа дека прашањето за суверенитетот над Гренланд не било дискутирано на состанокот.

Властите на Данска и Гренланд веднаш реагираа, јасно наведувајќи дека суверенитетот над островот не може да се преговара и отфрлајќи ја можноста НАТО или САД да одлучуваат за сопственоста на таа територија.

Во последните денови Трамп се закани дека ќе воведе царини за европските сојузници, па дури и евентуална употреба на сила, но во Давос се откажа од таквата реторика. Иако САД имаат воено присуство на Гренланд со децении, американскиот претседател смета дека тоа не е доволно и тврди дека трајното сопствеништво на островот е неопходно за безбедноста на САД. Тој ги наведе стратегиската позиција на Гренланд, можните закани од Русија и Кина и пристапот до клучните минерални ресурси како причини за американскиот интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ