недела, 14 декември 2025

Трамп вети дека ќе ги истражи активностите на Сорос

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз вети дека ќе ги истражи активностите на унгарско-американскиот финансиер и милијардер Џорџ Сорос, поради протестите во американските градови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе го истражиме Сорос затоа што верувам дека ова е случај РИКО (во рамки на Законот за грабежи и корумпирани организации) против него и други луѓе. Ова е повеќе од протест. Ова е вистинска агитација. Ова се немири на улиците и ние ќе се справиме со тоа“, порача Трамп.

Според Трамп, во Соединетите Американски Држави има активни „професионални агитатори“ кои примаат пари, меѓу другите, од Сорос.

Протестите против политиките на Трамп започнаа во многу американски држави по немирите во Лос Анџелес на 7 јуни, предизвикани од рација на американската Служба за имиграција и царина во центарот на градот, каде што се одвиваше масовна операција за идентификување на нелегални имигранти.

Избувнаа судири со демонстрантите, а следниот ден Белата куќа објави распоредување на трупи на Националната гарда во Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ