петок, 11 јули 2025

Трамп прогласи примирје меѓу Израел и Иран

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека е во сила прекин на огнот меѓу Израел и Иран и побара од двете земји да не го прекршуваат, само неколку часа откако Иран лансираше бран ракети, за кои израелската служба за брза помош соопшти дека убила четири лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„ПРЕКИНОТ НА ОГНOT СЕГА Е ВО СИЛА. ВЕ МОЛИМЕ НЕ ГО КРШЕТЕ!“, напиша Трамп во објава на Трут соушл.

Тој изрази надеж дека сè ќе оди според планот, истакнувајќи дека војната може да трае уште многу години и да предизвика огромна штета во регионот, но дека, благодарение на напорите на двете страни, беше спречен целосен конфликт.

„Им честитам на Израел и Иран за нивната издржливост, храброст и способност да го завршат она што можеше да биде долготрајна и деструктивна војна“, рече Трамп.

Тој, исто така, упати поздрав до Блискиот Исток, САД и целиот свет, повикувајќи на мир и стабилност во регионот.

Во официјална изјава, Трамп рече: „Бог да ги благослови Израел, Иран, Блискиот Исток, САД и светот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ