вторник, 16 декември 2025

Трамп: Важен состанок со Кина помина многу добро!

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа Трут соушал по трговскиот состанок меѓу Соединетите Американски Држави и Кина во Европа, велејќи дека разговорите поминале добро и дека е блиску до договор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Големиот трговски состанок во Европа меѓу Соединетите Американски Држави и Кина помина МНОГУ ДОБРО! Наскоро ќе биде склучен. Исто така, беше постигнат договор за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја навистина сакаа да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе разговарам со претседателот Си во петок. Врската останува многу силна!!!“ напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Очигледно, тој мисли на Тикток. Американскиот министер за финансии Скот Бесент денес изјави дека во трговските преговори со Кинезите во Мадрид е постигната рамка за договор за таа апликација, што ќе го отвори патот за нејзино префрлање во американска сопственост. Бесент додаде дека дополнителни детали ќе бидат утврдени на состанокот меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во петок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ