четврток, 19 март 2026

Трамп: Украина може да врати сè што изгуби, па можеби и повеќе! Путин е во големи проблеми

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа Трут соушал во која тврди дека Украина, со поддршка на Европа и НАТО, може да ги врати сите територии изгубени од почетокот на руската инвазија. Тој исто така кажа дека Русија се нашла во сериозни економски проблеми поради војната што трае веќе три и пол години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е целосен пресврт на ставот на Трамп, бидејќи претходно беше многу скептичен кон перспективите на Украина и го критикуваше украинското раководство предводено од претседателот Володимир Зеленски, додека кон рускиот претседател Владимир Путин покажуваше значително поголема наклонетост.

„Кога ја запознав и целосно ја разбрав воената и економската ситуација на Украина и Русија и кога ги видов економските проблеми кои се создаваат за Русија, мислам дека Украина, со поддршка на Европската Унија, е во позиција да се бори и да ја врати цела Украина во нејзината оригинална форма. Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, оригиналните граници од каде што започна оваа војна се многу добра опција. Зошто да не? Русија води бесмислена војна три и пол години во која на вистинска воена сила би ѝ требало помалку од една недела за да ја добие. Тоа не е комплимент за Русија. Всушност, ги прави да изгледаат како „тигар од хартија“.

Кога луѓето во Москва и сите големи градови, места и области низ цела Русија ќе дознаат што навистина се случува во оваа војна – фактот дека е речиси невозможно да се дојде до бензин поради долгите редици и сите други работи што се случуваат во нивната воена економија, каде што ги трошат поголемиот дел од своите пари борејќи се против Украина, која има одличен дух и станува сè подобра – Украина ќе може да ја врати својата земја во нејзината оригинална форма и, којзнае, можеби и повеќе! Путин и Русија се во големи економски проблеми и сега е моментот Украина да дејствува. Како и да е, им посакувам на двете земји се најдобро. Ќе продолжиме да го снабдуваме НАТО со оружје за да може НАТО да прави што сака со тоа оружје. Среќно на сите!

Доналд Џ. Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави“.

Трамп ја објави оваа порака откако се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк по говорот на Генералното собрание на ОН. За време на таа средба, Трамп како ретко кога ја пофали Украина, го нарече Зеленски „одличен човек“ и рече дека води „пеколно добра борба“.

„Имаме големо почитување за борбата што ја води Украина, всушност е прилично неверојатна“, кажа Трамп.

Тој им кажа на новинарите и дека НАТО треба да соборува руски авиони ако влезат во воздушниот простор на членовите на западниот воен пакт, додека на прашањето дали САД ќе го поддржат тоа тој кажа дека „зависи од околностите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ