четврток, 19 март 2026

Трамп: Украина е во сериозна неволја (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше со новинарите пред неговата посета на Британија, а како одговор на прашање на украински новинар, тој зборуваше за војната во Украина и неговите планови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кога беше прашан за испораката на американските системи „патриот“ во Украина и времето на нивното пристигнување, Трамп прво го праша новинарот од каде доаѓаа. Кога слушна дека е од Украина, американскиот претседател рече: „Ја сакам Украина, ги сакам луѓето од Украина. Затоа и помислив дека слушам малку украински акцент“.

„Но, земјата е во сериозна неволја. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи. Но, ќе ја спречам“, додаде Трамп.

Трамп тврди дека спречил седум војни во последните осум месеци.

„Мислев дека оваа ќе биде најлесната затоа што го познавам (рускиот претседател Владимир) Путин. Но, не е, затоа што постои огромна омраза меѓу Зеленски и Путин. Но, ние ќе ја сопреме“, кажа американскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ