четврток, 10 јули 2025

Трамп тврди дека Иран ги известил САД пред нападот врз воената база во Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран ги известил САД пред да испука ракети врз неговата воена база во Катар, што, според него, овозможило да нема загуба на животи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со задоволство можам да известам дека НИЕДЕН Американец не беше повреден и речиси никаква штета не беше направена. Најважно од сè, тие го исфрлија сето тоа од својот ‘систем’ и, се надевам, нема да има понатамошна ОМРАЗА“, напиша Трамп во објава на Трут сошл.

„Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот и јас ентузијастички ќе го охрабрам Израел да го стори истото“, додаде Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ