четврток, 5 февруари 2026

Трамп: Спречив три нуклеарни војни

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата платформа Трут соушал дека за време на неговиот мандат спречил избувнување на три нуклеарни војни и уште еднаш се пофали со обновата на американската воена моќ и нуклеарниот арсенал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Соединетите Американски Држави се најмоќната земја во светот. Во мојот прв мандат, целосно ја обновив нашата војска, вклучувајќи нови и бројни обновени нуклеарни боеви глави. Воведов и Вселенски сили, а сега продолжуваме да ја обновуваме војската на нивоа што не се видени досега. Додаваме борбени бродови во војската, кои се 100 пати помоќни од оние кои пловеа по морињата за време на Втората светска војна – Ајова, Мисури, Алабама и други“, објави Трамп.

„Спречив избивање на нуклеарни војни низ целиот свет меѓу Пакистан и Индија, Иран и Израел, и Русија и Украина. Наместо да го продолжуваме договорот Нов СТАРТ, кој беше лошо испреговаран од САД и, меѓу другото, грубо се крши, треба да ги ангажираме нашите нуклеарни експерти да работат на нов, подобрен и модернизиран договор кој може да трае долго во иднина. Ви благодарам за вашето внимание посветено на ова прашање!“, напиша Трамп.

Објавата на Трамп доаѓа во време кога истече договорот Нов СТАРТ меѓу САД и Русија, последниот важечки договор кој ги ограничуваше стратегиските нуклеарни арсенали на САД и Русија.

Спогодбата, потпишана во 2010 година, го ограничува бројот на распоредени стратегиски боеви глави и предвидува инспекции и размена на податоци, но односите меѓу двете земји дополнително се влошија по почетокот на војната во Украина. Неизвесно е дали Вашингтон и Москва ќе можат да се договорат за нова рамка за контрола на нуклеарното оружје по истекувањето на тој договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ