Законот го криминализира објавувањето интимни фотографии, вистински или генерирани од вештачка интелигенција, на интернет без согласност на лицето и бара од технолошките компании да ја отстранат таквата содржина во рок од 48 часа.
Иако законот доби силна двопартиска поддршка, некои групи за дигитални права тврдат дека е премногу широк и би можел да доведе до цензура. Првата дама се залага за овој закон откако нејзиниот сопруг го започна својот втор мандат, тврдејќи дека децата треба да бидат заштитени од злонамерно и навредливо однесување на интернет.
Grace, elegance, and poise — Melania Trump continues to embody timeless class. A true First Lady in every sense of the word.pic.twitter.com/nHzuda9bVd
— Manni (@ThadhaniManish_) May 20, 2025
Ова е шестиот закон што Трамп го потпиша во својот втор мандат, при што претседателот во голема мера претпочита да ја спроведува својата агенда преку регулативи. „Секој што свесно дистрибуира експлицитни слики без согласност на друго лице ќе се соочи со казна затвор до три години“, рече Трамп.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, претходно изјави дека Меланија Трамп одиграла клучна улога во донесувањето на законот во Конгресот. Првата дама, која ретко се појавува во јавноста, го опиша новиот закон како национална победа што ќе им помогне на родителите и семејствата да ги заштитат децата од онлајн експлоатација.
🚨 #BREAKING: President Trump has just signed Melania Trump’s TAKE IT DOWN Act into law
He even had Melania sign it too.
The bill requires big tech platforms to delete revenge p*rn within 48 hours, and requires JAIL TIME for perpetrators.
Many children around the country have… pic.twitter.com/E8CjWohNmO
— Nick Sortor (@nicksortor) May 19, 2025
„Ова законодавство е силен чекор напред во нашите напори да обезбедиме секој Американец, особено младите луѓе, да се чувствуваат подобро заштитени од злоупотреба на својот лик или идентитет“, додаде таа. Законот беше усвоен во Долниот дом на Конгресот со 409 гласови „за“ и 2 „против“ кон крајот на април, а Сенатот едногласно го одобри во февруари.
Меланија Трамп го искористи своето прво самостојно појавување во јавноста за да ги повика членовите на Конгресот да го усвојат законот во март. „Потресно е да се гледа како млади тинејџери, особено девојчиња, се борат со огромните предизвици што ги претставуваат злонамерните онлајн содржини како што се дипфејк“, рече првата дама за време на тркалезната маса за законот на 3 март.
Одмаздничката порнографија е споделување интимни фотографии без согласност. Дипфејк порнографија вклучува создавање, често со употреба на вештачка интелигенција, лажни експлицитни слики или видеа од некое лице. Употребата на оваа технологија е во пораст во последниве години, овозможувајќи им на корисниците да додаваат лица на познати личности или јавни личности, најчесто жени, во порнографски филмови.
Законот беше поддржан и од Парис Хилтон, која го нарече клучен чекор кон прекинувањето на споделување слики на интернет без согласност. Технолошките компании, вклучувајќи ги Мета, ТикТок и Гугл, исто така го поддржаа законот, но не помина без критики.
Застапниците на дигиталните права и слободата на говорот велат дека тоа би можело да доведе до цензура на легитимна содржина, вклучувајќи легална порнографија, ЛГБТ содржина и критики кон владата. „Иако заштитата на жртвите од овие гнасни нарушувања на приватноста е легитимна цел, самите добри намери не се доволни за да се создаде добра политика“, соопшти застапничката група на дигиталните права Електроник фронтиер фондејшн.
„Во својата сегашна форма, законот пропишува систем за известување и отстранувања што ја загрозува слободата на изразување, приватноста на корисниците и правичната постапка, без да го реши проблемот за кој се тврди дека го решава“, рекоа тие.
Интернет Сосајати, која се залага за дигитална приватност на интернет, вели дека законот претставува неприфатлив ризик за основните права на корисниците на приватност и сајбер-безбедност поткопувајќи ја енкрипцијата.