среда, 9 април 2025

Трамп: Случајот против Марин Лепен е лов на вештерки

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ понуди поддршка на лидерката на француската екстремна десница Марин Лепен, откако парискиот суд ја осуди неа и дваесетина луѓе од нејзината партија Национален собир (РН) за проневера на средства од Европската унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судијка ѝ забрани на Лепен пет години да се кандидира на избори, што ќе ја спречи да учествува во претседателската трка во 2027 година, освен ако пред тоа не успее со жалба да ја поништи пресудата. Судијката сега е под полициска заштита откако доби смртни закани, изјави извор за Ројтерс.

Лепен, партиските сојузници и поддржувачи го обвинија судот за мешање во демократијата. Францускиот премиер Франсоа Бајру пред три дена пред пратениците изјави дека „безусловно го поддржува“ судството.

Во објава на социјалната мрежа Трут соушл доцна синоќа, Трамп го нарече случајот против Лепен „лов на вештерки“ и ја пофали лидерката на екстремната десница. „Таа претрпе загуби, но продолжи, а сега, непосредно пред нешто што би било голема победа, ја фаќаат со помал прекршок за кој веројатно не знаела. Мене ми звучи како книговодствена грешка“, напиша Трамп во објавата.

Активистите за човекови права правеа споредби меѓу Лепен и Трамп во текот на годините за нивните антиимигрантски ставови и реториката насочена против малцинствата. Пресудата на францускиот суд претставува пречка за 56-годишната Лепен, која до пресудата беше фаворит во анкетите пред претседателските избори во 2027 година.

Трамп ја спореди ситуацијата на Лепен со својата. Трамп е обвинет за фалсификување деловни книги за да ѝ исплати пари на порно ѕвезда во замена за нејзиното молчење за нивната сексуална врска, поради обидот да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година и за задржување доверливи документи по завршувањето на неговиот прв мандат.

Тој беше прогласен за виновен во случајот за фалсификување деловни книги. Во сите случаи, кои ги нарече политички мотивирани, ја негираше вината. Федералните обвиненија против него беа отфрлени откако тој победи на изборите во 2024 година. „Сето ова е многу лошо за Франција“, заклучи Трамп во својата објава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ