вторник, 3 февруари 2026

Трамп се сретна со претседателот на Колумбија, кого претходно го обвини за трговија со дрога (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп и колумбискиот претседател Густаво Петро денес се сретнаа за прв пат. Нивната средба се смета за тест дали можат да ги надминат своите идеолошки разлики и репутацијата на непредвидливост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Петро ја напушти Белата куќа кратко по 13:00 часот по локално време, откако помина околу два часа во резиденцијата на американскиот претседател. Средбата меѓу двајцата претседатели се одржа настрана од очите на јавноста.

Белата куќа објави нивна фотографија од Овалната канцеларија, на која се наоѓа и потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс, и документ во рацете на еден од соработниците на Петро на кој пишува „Колумбија: Сојузник на Америка против нарко-терористите“.

Трамп отворено повикува на американска доминација над Јужна Америка, па дури и ја преименуваше Доктрината на Монро, политиката на американскиот претседател од 19 век кој ја прогласи таа област за сфера на САД, во Доктрина на Донро.

Во последните месеци, републиканскиот претседател имаше особено затегнати односи со Петро, поранешна антиимперијалистички герилец кој беше избран за колумбиски претседател во 2022 година.

Двајцата претседатели се судрија во октомври кога Трамп го нарече Петро „нелегален нарколидер“. Во јануари, американскиот претседател предложи воена акција против Колумбија, некогаш важен сојузник на САД, обвинувајќи го нејзиното раководство дека не успеало да ја спречи трговијата со дрога.

Петро е жесток критичар на Трамп. Тој ги прогласи постапките на владата на Трамп против бродовите кои наводно транспортираат дрога во Карипско Море за воени злосторства, а американската операција во која беше грабнат венецуелскиот претседател Николас Мадуро на почетокот на годината ја нарече „киднапирање“.

Двајцата лидери во јануари одржаа телефонски разговор кој двајцата го оценија како позитивен, изненадувачко подобрување во односите што резултираше со пристигнувањето на Петро во Вашингтон. Трамп им кажа на новинарите еден ден претходно дека тонот на Петро се променил, сугерирајќи дека станал поблаг по акцијата против Мадуро.

Сепак, ако овие двајца лидери имаат нешто заедничко, тоа е непредвидливо однесување, двосмислени изјави и брза промена на мислењето, пишува Ројтерс. Новинската агенција соопшти дека колумбиските претставници на денешниот состанок планирале да одржат детална презентација за нивните главни достигнувања во борбата против трговијата со дрога, вклучувајќи ги и податоците за заплените на кокаин.

Влошувањето на односите меѓу двајцата претседатели би можело да има длабоки последици за регионалната стабилност, предупредуваат аналитичарите. Колумбија е најголемиот производител на кока во светот, главната состојка во кокаинот, а земјата е дом на неколку организации кои САД ги прогласија за терористички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ