понеделник, 9 јуни 2025

Трамп се согласи на подолг временски рок за постигнување трговски договор со ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за трговски преговори со Европската унија (ЕУ) до 9 јули, откако претседателката на Европската комисија изјави дека на блокот му е потребно повеќе време за да постигне „добар договор“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен во неделата во објава на социјалните мрежи изјави дека ЕУ е подготвена брзо да започне трговски преговори со САД, но дека е потребно повеќе време за да се постигне договор. Фон дер Лаен во објавата на Икс вели дека имала „добар“ телефонски разговор со Трамп.

„Имавме многу убав разговор и се согласив да го поместиме рокот. Таа рече дека ќе се сретнеме многу наскоро и ќе видиме дали можеме да договориме нешто“, рече Трамп, враќајќи се во Вашингтон по викендот во Њу Џерси.

Трамп во петокот изјави дека е незадоволен од темпото на трговските преговори со ЕУ и се закани дека ќе воведе царини од 50 проценти за сите стоки од ЕУ почнувајќи од 1 јуни.

На почетокот на април, Трамп постави рок од 90 дена за трговски преговори со ЕУ, кој требаше да истече на 9 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ