„Не, не, Украина не треба да ја напаѓа Москва“, изјави Трамп, потсетувајќи го рускиот претседател Владимир Путин на рокот од 50 дена за постигнување мировен договор со Украина.
„Мислам дека тоа не е долг временски период“, предупреди тој.
На прашањето какви опции очекува да има доколку Русија не одговори на ултиматумот, тој рече: „Многу мислења брзо се менуваат. Можеби нема да бидат 50 дена, можеби ќе биде многу порано“.
Трамп, исто така, потврди дека првите испораки на системот „Патриот“ за Украина, преку Германија, „веќе се во транзит“.
Сепак, се чини дека тоа не ја одвраќа Русија од напад, бидејќи украинските воздухопловни сили утринава известија дека биле лансирани 400 беспилотни летала и една балистичка ракета, главно насочени кон три града: Харков, родниот град на Зеленски, Криви Рог и Виница.






