Разговорот го убедил американскиот лидер да не го поддржи трансферот на ракети „томахавк“ во Украина, објави весникот, повикувајќи се на американски официјални лица.
Трамп изјави на почетокот на ноември дека во моментов не разгледува никаков договор кој би вклучувал испорака на ракети „томахавк“ со долг дострел во Украина и дозволување на таа земја да ги користи за напад врз руска територија.
Американскиот претседател изјави во октомври за време на работен ручек со Володимир Зеленски во Белата куќа и дека би претпочитал да не ги испорача ракетите во Украина затоа што „не сакаме да ги дадеме работите што ни се потребни за да ја заштитиме нашата земја“.






