недела, 14 декември 2025

Трамп се јави по состанокот со Зеленски и европските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тој беше на линија. Претседателот Зеленски беше на линија. Би го оценил со чиста десетка – многу, многу пријателски“, кажа американскиот лидер.

Трамп потсети дека добро ги познава европските лидери бидејќи, како што тврди, за време на неговиот мандат во НАТО, го зголемил придонесот на членките од „2 отсто неплатени на 5 отсто платени, што значи трилиони долари во одбранбени капацитети“.

Тој истакна дека од самиот почеток планот бил прво да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа да разговара со претседателот Зеленски и другите лидери.

Тој, исто така, откри дека постои „многу добра шанса“ за втора средба која, според него, би можела да биде попродуктивна од првата. „Првото е да видиме каде сме и што правиме. Ако првиот помине добро, речиси веднаш ќе организираме втор состанок меѓу претседателот Путин, претседателот Зеленски и мене – ако сакаат да бидам таму. Можеби тогаш би можеле да се договориме за апсолутно решение, иако на првиот може да се постигнат одредени големи случувања. Првиот состанок е исклучително важен бидејќи ги поставува темелите за вториот“, кажа Трамп.

Тој додаде дека можеби нема да има втор состанок „ако проценам дека не е соодветно да се одржи, ако не ги добиеме одговорите што мора да ги имаме“.

Кога беше прашан дали Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор за Украина, Трамп одговори: „Да, ќе се соочи“.

На прашањето што би вклучувале тие мерки, тој кажа: „Ќе има некои, не морам да кажам кои, но ќе има многу сериозни последици“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ